Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСтотина воени питомци ослободени од притвор по пучот во Турција

Стотина воени питомци ослободени од притвор по пучот во Турција

758 питомци и регрути на воените академии се ослбодени од притвор по одлуката на Истанбулскиот суд дека не претставуваат опасност. Тие дале изјави во Главното републичко обвинителство во Истанбул по што е побарано нивно ослободување, а 231 питомец се уште се сомничат дека бил дел од воениот удар кој ја потресе Турција, но беше неуспешен.

Голем број на офицери и војници и понатаму се притвор и против нив ќе се поднесат тешки обвиненија за предавство и уривање на уставниот поредок на земјата, а Ердоган се пресметува и со бројни неистомисленици од сите јавни сфери.