Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСтотина транспортери се заглавени на границата меѓу Хрватска и Србија

Стотина транспортери се заглавени на границата меѓу Хрватска и Србија

Стотина македонски камиони се уште минуваат низ големи проблеми бидејќи се заглавени на хрватско-српската граница со стапување на сила на блокадата на граничните премини меѓу Хрватска и Србија.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан пристигна изутрината во Србија и веднаш се упати на Хрватско-српската граница. Случајно или не, Хрватска реши повремено да пропушта товарни возила со лесно расиплива стока кај кои имаше и најголем револт од возачите бидејќи претрпуваат огромни штети. Товарните возила кои не превезуваат стока товарена во Хрватска или на кој било начин е поврзана со неа, се пропуштаат кон Србија. Сеуште на границата Батровци- Бајаково има застој за сите возила.

Возилата кои имаат ЦЕМТ или транспортни дозволи може да најдат алтернативни патишта и да се вратат или продолжат, информира Билјана Муратовска од најголемата македонска шпедиција.

Стопанската комора укажува на сериозноста на состојбата со транспортерите и предупредува ако не бидат преземени итни мерки ќе трпат националните економии. Бараат итен ангажман од Стопанските комори на Србија и Хрватска да се заложат во разрешување на проблемот.

Хрватска е членка на Унијата, Брисел да го реши проблемот и да се отвори границата, бизнисмените предлагаат организацијата за Централноевропска слободна трговија ЦЕФТА веднаш да реагира.