Thursday, Apr 18, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текСторија за PewDiePie – Заработка на милиони на YouTube од дома

Сторија за PewDiePie – Заработка на милиони на YouTube од дома

Во денешно време кога интернетот е потреба, не можеме а да не се восхитуваме на благодетите кои ги нуди, или барем кога тие благодети достигнуваат огромни цифри.

До пред 5 години името Felix Kjellberg  (познат по псевдонимот PewDiePie) можеби не ви значело многу, но денес тој е најпопуларниот креатор на видеа на популарниот прегледувач Youtube.

Со годишна заработка од фрапантни 7 милиони PewDiePie е на тронот веднаш после поп дивата Rhianna кога се работи за претплата по гледач на еден Youtube канал.

Во неодамнешното видео кое го објави тој открива малку повеќе за неговите почетоци, како од продавач на штанд за брза храна успеал да направи богатсво работејќи од дома, сам и со лоша опрема.

Неговиот успех се должи на иновативноста (креирање видеа за рецензии на видео игри) наназад пред пет години кога тоа било малку развиено. Благодарение на неговата вештина да забавува огромна публика но и работа во тогаш неразвиено интернет подрачје денес неговиот канал брои преку девет билиони прегледи севкупно.

Парите, како што кажува тој, најголем број доаѓаат од реклами на самите видеа, понатаму реклами од самите компании кои ги прават видео игрите, онлајн стримингот, донации, неговиот сајт, продуктите кои ги продава / рекламира итн.

Конкретната сума не е спомената во видеото поради одбивноста која ја чувствува кон заинтересираноста за некој да ја знае таа сума, конкретно кон коментарите кои негативно ја сфаќаат неговата сторија.

Дали сте на страната на тие кои не им се допаѓа неговата сторија, или можеби на страната на тие кои на ова гледаат позитивно оставаме да одлучите сами од видеото.