Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнСторија: Училишен автобус претворен во семејно живеалиште

Сторија: Училишен автобус претворен во семејно живеалиште

Семејството Томпсон од Ки полуостровот во Вашингтон има уникатен дом кој е изработен врз стар училишен автобус со тоа што се додадени неколку основни елементи за да се заокружи целата конструкција. The Tiny School Bus HouseМира Томпсон вели дека идејата за ваквата креација ја добила откако се нејзиниот сопруг Џереми сфатиле дека не им е потребна огромна и луксузна куќа, ниту пак типичен дом во американското предградие, па затоа се решиле на многу поедноставен, позабавен и покреативен простор за живеење. The Tiny School Bus HouseПред постојано да се населат на едно место цела година патувале со автобусот низ Америка, работејќи на фарми и волонтирајќи во многу добротворни организации. Мира е и физиотерапевт, па во автобусот примала и пациенти со што собрале доволно пари за достоен живот со нивното прво дете.