Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСторија: Мигрантскиот рај на островот Лерос во Грција

Сторија: Мигрантскиот рај на островот Лерос во Грција

Малиот остров Лерос е можеби најдобрата дестинација на која може да пристигнат мигрантите бидејќи локалните жители имаат долга традиција на хуманост. Лерос некогаш бил место за политички затвор и голем број на луѓе противници на грчкиот режим и армија во минатото биле осудени токму тука.

Затоа жителите создале код на хуманост и солидарност за секој посетител, но Лерос веќе нема капацитет да ги прими илјадниците мигранти кои тука се задржуваат со денови се додека не добијат шанса да се качат на брод кој ќе ги однесе до копното и продолжување на патот кон север.

Жителите на Лерос донираат храна, облека, пелени, средства за хигиена, но градоначалникот Михалис Колиас вели дека нивната добра репутација е веќе злоупотребена. Лерос ги знае тешкотиите на војната и немаат срце да ги затворат очите пред луѓето кои страдаат, но сите капацитети се исцрпени.