Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаСторија: Фотографка го пронашла таткото бездомник

Сторија: Фотографка го пронашла таткото бездомник

Дијана Ким е фотограф кој ги следи бездомниците и нивниот начин на живот бележејќи секојдневни моменти со нејзиниот фотоапарат. Порасната со самохрана мајка се изненадила кога го сретнала нејзиниот татко кој ја оставил како мала. На улиците во Хонолулу, Хаваи сосема случајно открила дека тој е бездомник, по што направила серија на фотографии.

Ким објаснува дека единствените спомени за нејзиниот татко се поврзани за нивното фото студио и како уште мала била импресионирана од фотоапаратот и креирањето на слики. Мотивот да ги следи бездомниците е бидејќи низ целото детство постојано се преселувала, живеела кај роднини и пријатели, а некогаш и на отворено. Среќавајќи го нејзиниот татко бездомник 20 години подоцна го исполнува целиот судбински круг.

diana kim 1

По средбата открила и дека нејзиниот татко страда од ментална болест, а потоа преживеал и срцев удер. Тоа било доволно за пресврт во неговиот живот добивајќи ја потребната медицинска помош. Сега е тргнат од улиците и со Ким градат стабилен однос.