HomeДЕНЕШНАРепубликаСтопанската комора ќе го презентира дигиталното пенкало „EncryptiDATA“

Стопанската комора ќе го презентира дигиталното пенкало „EncryptiDATA“

Стопанската комора на Македонија утре ќе го презентира иновативното дигитално пенкало „EncryptiDATA” кое директно го трансформира она што е напишано на хартија во електронска форма, погодна за натамошно користење на компјутер.

Пенкалото ги препознава сите јазици и ракописи поради што може секој да го користи, а текстот, трансформиран од напишан на хартија во електронски, веднаш е погоден за преработка, доработка, зачувување или препраќање преку УСБ.

– Иновативното дигитално пенкало е производ на англиската компанија „Onorach”, дизајнирано за високо регулираните барањата на ГМП. Претставува безбедна електронска форма за внес на податоци со која корисниците можат да ги напишат податоците и во е-форма веднаш да ги испратат на сите можни јазици и ракописи он-лајн, преку таблет, блутут или друг мобилен уред со ви-фи. „EncryptiDATA” е посебно погодно за комапниите кои, наместо рачно да ги пишуваат и пополнуваат документите и формуларите, ќе можат веднаш да ги внесат во компјутер, точно и без грешка, без некој повторно, дополнително ги внесува, велат од Комората.

„EncryptiDATA” веќе почнува масовно да се користи од компаниите и институциите во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com