Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтолтенберг до Иванов: Да се имплементира договорот од Пржино

Столтенберг до Иванов: Да се имплементира договорот од Пржино

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во писмо до претседателот Иванов истакнува дека политичките лидери во Македонија треба да се фокусираат на имплементирање на договорот од Пржино како рамка за одржливо решение на политичката криза.

„Изборите од 11 декември биле есенцијален чекор кон решавање на кризата. НАТО не се инволвира во внатешните процеси во Македонија, ниту зазема страна. Но, имаме интерес да ги почитуваме политичките вредности и принципи на кои почива алијансата. Политичките лидери во Скопје се одговорни да го почитуваат исходот од демократските процеси и во краток рок да придонесат кон формирање на функционална и ефективна влада која ќе продолжи со итните реформи“ пишува Столтенберг.

Во писмото, кое го објави порталот Журнал, Столтенберг истакнува дека членките на НАТО на средбата на 14 март изразиле сериозна загриженост за политичката ситуација и апелираат сите партии да се придружваат и да го почитуваат владеењето на рпавото.

„Од Вас претседателе и од останатите политички лидери очекувам да го почитувате Уставот и демократските норми. Ги повикувам и партиите да се воздржат реторика која сугерира делби разгорува етнички тензии“ пишува Столтенберг.