Tuesday, Feb 25, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтолтенберг: Брзото формирање влада е важно за да се почне со итни реформи

Столтенберг: Брзото формирање влада е важно за да се почне со итни реформи

stoltenberg

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за да формира влада.

„Ова е чекор во вистинската насока и нешто што е правилно направено. Охрабрувам бргу да се формира новата влада, навремено да се изгласа во Собранието и конструктивно да се однесуваат сите партии. Тоа е важно за земјата да почне да се фокусира на реформите, кои ѝ се итно потребни. Апелирам да се продолжи со напорите за унапредување на евроатлантските аспирации на земјата“, стои во пишаната изјава на Столтенберг.