Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтојанче Ангелов: Сеедно им беше кога Талат Џафери беше министер за одбрана

Стојанче Ангелов: Сеедно им беше кога Талат Џафери беше министер за одбрана

Јас не сум среќен поради изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието но, него го избраа мнозинството пратениците од македонското Собрание а не јас или вие. Исто како што мнозинството пратеници го избраа за Министер за одбрана. И колку тоа да не ни се допаѓа на некои од нас, ваквата одлука сепак е легитимна.

Интимно, никогаш нема да се помирам со фактот дека Талат Џафери е претседател на Собранието, исто како што никогаш не се помирив со фактот дека Талат беше Министер за одбрана. Но сепак, и тогаш и сега, ја почитувам вољата на мнозинството пратеници од Собранието на Република Македонија бидејки пратениците, како претставници на граѓаните, се тие кои бираат Претседател на Собранието а не ние.

Од друга страна, се чудам на лицемерието на оние кои сега наводно се бунтуваат против изборот на Талат Џафери а во 2013-та гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и тоа само два месеци после именување на Талат за Министер за одбрана. Значи, секој глас за ВМРО-ДПМНЕ во 2013-та воедно беше глас за Талат Џафери за Министер за одбрана.

За крај, да потсетам на протестите кои „Достоинство“ ги организираше против Талат Џафери а на кои доаѓаа едвај по неколку стотини луѓе што значи дека на другите граѓани им беше сеедно тоа што Талат стана Министер за одбрана.

Сосем за крај, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ КАКО ДРЖАВА И СО ТАЛАТ И БЕЗ ТАЛАТ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО“ напиша Стојанче Ангелов на Фејсбук.