Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтојанче Ангелов: Дојдовме по криминалците, не по полицијата

Стојанче Ангелов: Дојдовме по криминалците, не по полицијата

Екс полицискиот генерал Стојанче Ангелов денес како и во изминатиот период е еден од најбараните личности меѓу демонстрантите кога е во прашање соочувањето со полицискиот кордон.

Ангелов порача: „Дојдовме по криминалците, а не по полицијата. Спуштете ги штитовите, не сте наши непријатели, туку наши браќа“.

Тој јавно посочи дека не смее да има никакви напади врз полицијата, а тоа го покажува и од првиот ред на протестот кој сега се одвива на ул.Димитрија Чуповски, на само десетина метри од Собранието на Македонија кое е целосно блокирано за пристап од страна на силни полициски единици.

Репортер: Христијан Станоевиќ

Фото: Кристина Атовска