Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометСтоилов: Овие играчи имаат муда до колена

Стоилов: Овие играчи имаат муда до колена

Стојанче Стоилов, ракометарот на Вардар кој е нов европски шампион, во свој препознатлив стил даде изјави по завршениот натпревар кој го добија против ПСЖ на маестрален начин.

„Горд сум што сум капитен на овој тим. Момците покажаа карактер, покажаа дека имаат ја.ца до колена. Знаевме дека ќе биде исто како во полуфиналето. Знаевме што треба да правиме. Се боревме цел натпревар, одбраната го пресуди победникот. Се надевам дека ја израдувавме цела Македонија.“ – изјави Стоилов.