Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтоиљковиќ: Во Скопје српската амбасада ја третираат како да е на Иран

Стоиљковиќ: Во Скопје српската амбасада ја третираат како да е на Иран

Лидер на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, за српски „Информер“ вели дека српската амбасада во Скопје има третман на „непријателска земја“.

-Српската амбасада и персоналот се третираат како да се амбасада на Иран, земја која е обвинета за поддршка на тероризам. Заев го покажа свето вистинско лице со пораката дека ќе го поддржи Косово во УНЕСКО, истакнува Стоиљковиќ.

Тој вели дека Зоран Заев во Скопје ги здоми противниците на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека од Скопје прават центар за дестабилизација на Србија.

– Покрај бизнисмени овде сега има и луѓе од српското криминално подземје. Тие престојуваат во Скопје на сметка на Владата – вели Стоиљковиќ.