HomeДЕНЕШНАПолитикаСтојанче Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

Стојанче Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

stojance

Коалицијата наречена ВМРО за Македонија вчера на конвенција ги претстави сите кандидати за пратеници кои се најдоа на нивните листи, а носителите имаа и свои обраќања пред членството. Носителите во своите говори зборуваа за враќање на демократијата, владеењето на правото, независноста на судството. Тие очекуваат да освојат 15 пратенички места.

Сепак, атмосферата беше вжештена кога говореа лидерите на тројцата коалициони партнери. И додека Стојанче Ангелов и Љубе Бошковски се осврнаа на тешкотиите и масовното бегство од државата, како и катастрофалните политики на ДПМНЕ, Вистинскиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, како што тие го нарекуваат, Љубчо Георгиевски се осврна на тоа дека во негово време најдобро се живеело. Тој рече дека за време на неговото раководство, економијата напредувала без државата да се задолжува.
vmro-za-makedonija
Генералот Стојанче најмногу допре до членството кога почна да зборува за своите мртви соборци, чии семејства биле тужени и принудени да го вратат она што го земале како отштета. Ангелов нема да му прости на Груевски што дозоли Талат Џафери да стане министер за одбрана, кој според Ангелов, во 2001-та пукал во наши браќа и сестри. „Се споивме заедно да го урнеме Груевски. Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот“ – рече Ангелов.

Неговиот колиционен партнер пак, Љубе Бошковски зборуваше за простување. Тој рече дека мора да им простиме зошто само неостварен човек може да направи такви работи. Исто така, нагласи дека одмазда по изборите нема да има.
ljubco-georgievski
На претстојните избори, Ден Дончев ќе се трка во првата изборна единица, Љупчо Балковски во втората. Лидерот на „Достоинство“ е носител во тројката, а стариот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски ќе се трка во четворката. Љубе Бошковски ќе биде носител во петата изборна единица, додека шестката и седмицата се резервирани за Зоран Велковски и Стојадин Наумовски.
vmro-za-makedonija-1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com