Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШто се нуди Центарот за обука на пилоти, одговорот даден денеска

Што се нуди Центарот за обука на пилоти, одговорот даден денеска

Пилотската професија за многумина се чини дека е невозможна со оглед на врвните способности кои треба да ги поседува еден кандидат, но и ограничениот пристап до образовните институции. Затоа Центарот за обука на пилоти денеска во касарната во Петровец им овозможи на сите млади лица, заинтересирани да бидат идните пилоти во Армијата на Република Македонија да се запознаат со неговите капацитети и одблиску да ги видат воздухопловите на кои се врши обуката, пренесува МИА.

„Овој ден е одлична можност да почувствувате барем дел од она што значи да се биде пилот обучуван по најсовремени методи и според врвни услови, во модерен и исклучително технолошки напреден центар, кој е резултат на заложбата на Министерството за одбрана. Наша обврска е внимателно да ги селектираме најдобрите кандидати кои пред сè се чесни луѓе, подготвени за сите предизвици кои ги носи пилотската професија“, истакна државниот советник во Министерството за одбрана, Маја Стојановска.

Директорот на Центарот, Јаари Шрага, порача дека еден од главните критериуми да се биде пилот е мотивираноста и ентузијазамзот на кандидатите кои ќе ги очекуваат во наредниот период, бидејќи има доволно време до крајниот рок на 30 јуни за регрутација на најдобрите.