HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСтиви Вондер ја објави песната „Faith“ од филмот „Sing“

Стиви Вондер ја објави песната „Faith“ од филмот „Sing“

stivi-vonder

Песната за анимираниот филм „Sing“, односно дуетот на Стиви Вондер и Аријана Гранде- „Faith“, ќе може да се порачува од 18 ноември, а во продажба ќе се најде од 9 декември. Во продукција на Рајан Тедер и Бени Бланк, „Faith“ е прва песна која добитникот на Оскар и Греми, Стиви Вондер, ја направил за некој филм во последните 25 години.

Вондер продал повеќе од 100 милиони албуми ширум светот и освоил 25 Греми награди со што стана најнаградованиот машки соло уметник во историјата, а покрај тоа поради своите хуманитарни активности беше прогласен и за амбасадор на мирот на Обединетите нации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com