HomeРЕФЛЕКТОРФилмСтивен Сегал доби руско државјанство

Стивен Сегал доби руско државјанство

stiven-sigal-f1

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој на холивудскиот актер и музичар Стивен Сегал му одобрува руско државјанство, објави денес Кремљ. Последните години Сегал често престојуваше во Русија, каде со рускиот претседател присуствуваше на неколку настани со боречки вештини, а познат е и по изјавите кои ја бранат политиката на Путин.

putin-i-sigal-f1

Портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков изјави дека православниот актер веќе извесен период бил заинтересиран за руско државјанство. „Сегал е познат по тоа што гаи убави чувства кон Русија, тоа никогаш не го криеше, а тој е и многу познат актер. Целото тоа претставуваше добра основа за да му биде доделено руско државјанство“, истакна Песков.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com