Tuesday, Apr 16, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтипендии за 745 средношколци

Стипендии за 745 средношколци

745 средношколци ќе добијат стипендии од Министерството за образование и наука. Стипендиите ќе важат за за учениците од државните и приватните средни училишта. Од нив, 400 стипендии се наменети за социјална поддршка на учениците, 80 за деца без родители, 50 за ученици со посебни потреби, 150 стипендии ќе бидат доделени за талентирани ученици спортисти, 50 за талентирани ученици и 15 за учениците од угостителско – туристичка струка.

Сите кандидати треба да се редовни ученици, да не ја повторувале годината, да не користат друга стипендија и да се државјани на Република Македонија. Покрај општите критериуми, за секоја група стипендии се пропишани и одредени услови што треба да ги исполнат учениците кои ќе аплицираат.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска на прес-конференција информираше дека конкурсот е веќе објавен и дека ќе биде отворен до 15 овој месец. Резултатите ќе бидат објавени на 14 декември.

Стипендииите наменети за социјална поддршка ќе изнесуваат 2.200 денари месечно, за децата без родители 2.750 денари и исто толкав паричен надомест ќе добијат и учениците со посебни потреби. Талентираните ученици спортисти и талентираните ученици ќе добијат стипендија во висина од 2.970 денари месечно, а за учениците од угостителско – туристичка струка ќе бидат доделени стипендии од 2.200 денари.