Saturday, Apr 20, 2024
HomeСТУДЕНТУМСтипендии експо за тие што сакаат да студираат во странство

Стипендии експо за тие што сакаат да студираат во странство

Денес ќе биде отворен саемот Стипендии Експо – Study abroad за сите заинтересирани кои ќе добијат повеќе информации за можностите за продолжување на своето образование во странство. На саемот ќе се присутни повеќе регионални и меѓународни образовни институции како Универзитет Католика дел Сакро Куоре, Швајцарска едукативна група, Американски колеџ од Солун, а како нови учесници се јавија и Ашбури колеџот од Канада, ХУМБЕР Институтот за технологија и напредно учење од Канада и ЕАЕ Бизнис школата од Шпанија. Стипендии за Студии Експо – Study abroad кој се одржува во хотел Контитентал се бесплатни.