HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСтинг во сабота го отвора „Батаклан“, картите распродадени за еден час!

Стинг во сабота го отвора „Батаклан“, картите распродадени за еден час!

sting

Со концертот на британскиот пејач Стинг во сабота повторно ќе биде отворена концертната сала „Батаклан“ во Париз, ден воочи џихадистичките напади во кои починаа 90 лица, а картите беа распродадени за помалку од еден час. Картите биле пуштени во продажба во 10 часот, а после нешто помалку од еден час беше објавено дека картите се распродадени.

65-Годишниот Стинг кој неодамна објави нов албум изјави дека заработката од концертот ќе ја донира во хуманитарни организации кои им помагаат на преживеаните во нападот на џихадистите. „Со повторното отворање на „Батаклан“ имаме две важни задачи. Првата е да се потсетиме на сите оние кои го загубија животот во нападот пред една година и да им оддадеме почит, а втората е да го славиме животот и музиката кои овој историски театар ги претставува“, изјави легендарниот Стинг.

bataklan-f1

На самата годишница од нападот, на 13 ноември, салата ќе биде затворена, а во знак на сеќавање на жртвите ќе биде отворена спомен-плоча.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com