HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСтинг го отвори „Батаклан“, една година после терористичкиот напад

Стинг го отвори „Батаклан“, една година после терористичкиот напад

1479004968384

Британската музичка легенда Стинг синоќа настапи на повторното отворање на париската концертна сала „Батаклан“, ден воочи годишнината од терористичките напади на џихадистите во француската престолнина во кои во оваа сала од автоматско оружје и експлозив живтот го загубиле 90 посетители.

„Нема да ги заборавиме“, изјавил Стинг на Француски, откако бил одржан минута молк. „Вечерва имаме две задачи: Прво да се потсетиме на сите оние кои го загубија животот во нападот, а второ да го прославиме животот и музиката на ова историско место“, порача Стинг.

Пејачот својот настап го започна со хитот „Fragile“ во која се зборува за тоа дека ништо не се решава со насилство. Многумина во публиката при изведувањето на оваа песна заплакале.

bataklan

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com