HomeДЕНЕШНАЕкономијаОфицијално: Hystead го купи Skopje City Mall за 92 милиони евра

Официјално: Hystead го купи Skopje City Mall за 92 милиони евра

skopje city mall

Hystead Limited (Hystead), компанија од Велика Британија во косопственост на Hyprop Investments Limited (Hyprop) и PDI Investment Holdings Limited (PDI), денес соопшти дека го купила македонскиот трговски центар, Skopje City Mall од Balfin Finance BV, Амстердам.

Вкупната купопродажна вредност изнесува 92 милион евра. Skopje City Mall е доминантниот трговски центар во главниот град во Македонија, Скопје, и најголемиот во државата. Скопје има население од околу 506.926 жители. Трговскиот центар нуди 37.600 м2 бруто површина за изнајмување и 137 закупци, помеѓу кои Zara, Terranova, Koton, LC Waikiki, Bershka, New Yorker и Fashion & Friends. Отворен во октомври 2012 година, Трговскиот центар е модерен центар на неколку ката, сместен на околу 3 км западно од центарот на градот.

Пиетер Принслоо, главниот извршен директор на Hyprop изјави: „наша цел е да поседуваме портфолио од шопинг центри со висок квалитет во Југо-источна Европа. Македонија е мало, отворено стопанство кое направи големи чекори за зацврстување на економијата во текот на последната деценија. Според проценките на Светска банка, реалниот пораст на македонскиот БДП изнесува 3,3 % за 2017 година. Високата стапка на издаденост , ветувачкиот број на посетители, балансираната комбинација на закупци и можностите за проширување на Skopje City Mall се гаранција за атрактивноста на инвестицијата.

Постоечкиот управувачки тим на Трговскиот центар ќе остане со цел да се задржат критичните вештини. Очекуваме дека оваа инвестиција ќе ги зголеми приходите на Hyprop“. Стратегијата на Hyprop за Југо-источна Европа е да ги купува доминантните шопинг центри преку Hystead. Hyprop има удел од 60 % во Hystead, додека PDI, компанија застапувана од Луис Норвал, го поседува останатиот удел од 40%. Hystead сега поседува три објекти во Југо-источна Европа, и тоа Delta City Podgorica (Црна Гора), Delta City Belgrade (Србија), двата купени претходно годинава и денешното преземање на Skopje City Mall (Македонија).

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com