Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноСте слушнале ли за светско првенство во трки со полжави?

Сте слушнале ли за светско првенство во трки со полжави?

Спектакл пропратен со музички изведби, дегустација на специјалитети со полжави, многу дружење и забава – ова е агендата за овогодинешното Светско првенство во трки со полжави кое ќе се одржи на 21 јули во пивницата „Bras Vu“ во Лиеж, Белгија.

Белгиските медиуми објавија дека учеството го потврдиле претставници од повеќе земји:  Швајцарија, Франција, Гватемала, Демократска Република Конго, Аргентина, Италија и Монако, а се водат преговори и со други земји.

Една трка започнува така што полжавите се поставуваат во подножјето на вертикален столб, долг 42.2 метри. За подобри перформанси тренерите работат со своите пулени, хранејќи ги со мешавини од зелка, детелинка и марула.

Сите приходи собрани од натпреварот се наменети за хуманитарни цели, а победниците како награда добиваат рецепти за јадења со полжави.