Tuesday, Apr 16, 2024
HomeИздвојувамеСтав: САД не смее да дели лекции за инвазија на Русија

Став: САД не смее да дели лекции за инвазија на Русија

САД има најнова генијална поука за Владимир Путин кој ја предводи својата земја во нова воена кампања, а тоа е да учат од своето минатото и инвазијата која во 80-тите ја извршија во Авганистан. Ова е многу интересно да се „анализира“ бидејќи ако треба да се извлечат поуки за тоа не треба да се врши окупација на земји од Блискиот исток имаме многу свежо искуство од пред само неколку години, поточно од окупацијата на САД врз Ирак, како и подоцнежната инвазија на Авганистан.

sad vs rusija 1

Токму администрацијата на Џорџ Буш стори се што е во нејзина моќ за да ја распушти ирачката армија, да создаде огромна маса на незадоволство и со тоа да започне формирањето на бунтовнички групи кои до денес се активни и од нив произлегоа Ал Нурса и ИСИС. Сега Америка се буни за воздушните напади на Русија во Сирија врз мети на опозицијата на тиранинот Башар ал Асад, но притоа заборава дека имаше можност да ја среди состојбата без да ги финансира терористичките групи на терен.

sad vs rusija 2

Русија ја искористи својата шанса и влезе на моќен начин на меѓународната сцена како важен фактор без кој нема да може да се носат одлуки и орото да го водат американците со европските сватови. Уште една белешка, воопшто немам цел да промовирам некаква „Мајка Русија“ пропаганда бидејќи подршката на Асад е целосно нечесна со оглед на неговите злодела против својот народ, туку само да укажам на американската дволичност.

Автор
Христијан Станоевиќ