Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаOбразованите жени во Македонија имаат повеќе работа од дипломираните мажи

Oбразованите жени во Македонија имаат повеќе работа од дипломираните мажи

Државниот завод за статистика спроведе истражување во врска со процентуалното ниво на мажи и жени во високот образование. Во изминатава година, бројот на вработени жени со високо образование се зголемил за приближно 12.000 лица, односно минатата година имало 27.804 високообразовани невработени жени, додека оваа година бројот е намален на 21.330.

Соодветствено на овие бројки, невработени мажи во 2014 година имало 15.458, а оваа година бројката е зголемена на 19.368.  Што се однесува до дипломирањето, во последниве 5 години процентуално дипломираат повеќе жени отколку мажи. Изминатата година, 55,9% од дипломираните студенти биле жени.