Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСтартуваше откупот на пченица во Прилеп

Стартуваше откупот на пченица во Прилеп

Почна откупот на меркантилна пченица од годинашната реколта. Првите количества ги презеде најголемиот откупувач на пченица во пелагонискиот регион Жито Прилеп АД, од каде велат дека откупот ќе се врши според утврдени критериуми и мерила, односно врз основа на претходно испитани параметри за влага, хектолитарска тежина и примеси.

– Пченицата од прва класа со хектолитарска тежина од 80 и над 80 ја откупуваме по цена од 11 денари по килограм, за пченица од втора класа со хектолитарска тежина од 76 до 79,9 производителите ќе добијат 10 денари по килограм, додека пак за пченицата со најниски параметри, односно хектолитарска тежина од 74 до 75,9 ќе бидат исплатени по девет денари по килограм – велат од Жито Прилеп.

Годинашната реколта на пченицата се очекува да биде 200 илјади тони лебно зрно од посеаните 70 илјади хектари, а се планира и увоз на уште 160 илјади тони, главно од Србија.