HomeДЕНЕШНАРепубликаСтартува задолжителното носење на зимска опрема, возачи спремете се од 15-т месецов

Стартува задолжителното носење на зимска опрема, возачи спремете се од 15-т месецов

zimska-oprema

РСБСП апелира до возачите да направат зимска проверка и подготовка на возилата, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, и секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.

Во вторник следната недела, 15-ти ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15-ти март наредната година, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Апелираат до возачите да направат зимска проверка и подготовка на возилата, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, и секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.

Доколку не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите, ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com