Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСтартува второто издание на ,,Баскерфест" во Охрид

Стартува второто издание на ,,Баскерфест" во Охрид

Магионичари,улични танчери,кловнови,музика  во живо ќе го одбележат второто издание на ,,Баскерфест” , фестивал кој вечерва ќе започне во Охрид. Во склоп на ова второ издание ќе настапат околу 40тина уметници, а вистинска атракција ќе биде одењето по жица на светски познатиот Крис Бул.

Помеѓу учесниците е и артистот Марко Дражиќ од Нови Сад.

,,Баскерфест” се одржува во склоп на ,,Бело лето” кое свечено го означува почетокот на летната сезона во Охрид.

Фестивалот ќе трае до 5 јули, а перформансите ќе се изведуваат на две локации и тоа, Градскиот плоштад и плоштадот ,,Чинар”