HomeДЕНЕШНАРепубликаСтартува со работа центарот Балканските медицински сили во Скопје

Стартува со работа центарот Балканските медицински сили во Скопје

Армиите на Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија и Словенија ги формираа заедничките Балкански медицински сили кои ќе имаат свое седиште во Скопје во касарната Илинден. Целта е да се подобар воените медицински капацитети со цел да се даде брз одговор на кризни ситуации, непогоди и конфликти.

Овој регионален проект, како што кажа министерот за одбрана Зоран Јолевски, пред неговите колеги министри за одбрана на Босна и Херцеговина Марина Пендеш, на Словенија Андреја Катиќ и на Србија Зоран Ѓорѓевиќ, има цел да изгради регионални медицински капацитети кои ќе бидат способни да дадат брз одговор на широк спектар кризни ситуации, како што се природните непогоди.

balkanski-medicinski-sili2-640x352

„Проектот е во духот на концептот паметна одбрана на НАТО, а ќе ги подобри националните медицински капацитети за работа во регионална мултинационална средина”, изјави Јолевски.

Министерот за одбрана на Србија Зоран Ѓорѓевиќ, како земја која прва ја презеде командата на вкупно 86 припадници на Балканските медицински наменски сили, која ќе ротира секои две години, нагласи дека сите држави во регионот се соочуваат со исти или слични предизвици кои повикуваат на заеднички одговор за нивно решавање и ја нагласуваат потребата за заеднички настап со цел одржување на меѓународната безбедност.

balkanski-medicinski-sili-640x430

„Единицата ќе биде способна да обезбеди медицинска поддршка во кризни ситуации и брзо да реагира, за да се отстранат последиците од катастрофи во регионот”, рече Ѓорѓевиќ.

Целта на оваа мобилна единица, формирана со поддршка на САД и Норвешка, ќе биде навремено и ефикасно дејствување во случај на елементарни непогоди и ќе функционира по сите стандарди на НАТО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com