Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текСтартува производството на првиот летечки автомобил

Стартува производството на првиот летечки автомобил

Летечкиот автомобил Aeromobil е се поблиску до реалноста со најавите дека наскоро ќе влезе во поголемо производство и до 2020-та ќе ги добие првите комерцијални модели за широка потрошувачка, иако претпоставуваме дека ќе има огромна цена, па ќе може да си го дозволат само побогатите.

aeromobil2

Aeromobil ако добро го погледнете изгледа како поширок хеликоптер со тоа што има и тркала и може да се вози на земја. Летечкиот автомобил може да прелета 692 километри со едно полнење, имате две седишта на располагање, функционира со нормален гас и за да полета потребни му се 200 метри залет.