HomeДЕНЕШНАЕкономијаСтартува исплатата на повисоки пензии – дали кризата во ПИОМ ќе се продлабочи?

Стартува исплатата на повисоки пензии – дали кризата во ПИОМ ќе се продлабочи?

penzioneri

Пензионерите во декември ќе го добијат ветеното покачување на пензиите. Во декември ќе стартува исплатата на повисоките пензии кои се зголемени за пет проценти и се однесуваат на ноемвриската пензија, истакна министерот за финансии Кирил Миноски на денешната средба со претставници на прилепското Здружение на пензионери. Миноски потенцира дека ќе продолжат мерките за пензионерите.

Инаку, да потсетиме на извештаите на Меѓународниот монетарен фонд и Светска Банка кои нотираа дека македонскиот пензиски фонд е во криза, а постојаниот дефицит го намалува со пари од централниот буџет. Исто така, дополнителниот заменик министер Кире Наумов реагираше на постојаното задолжување со кое се обезбедуваат пари, меѓудругото и за санирање на дефицитот на пензискиот фонд. Останува неизвесно, што ќе се случува со нотираната криза од која треба да се сервисираат идните пензии.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com