Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтарица се преврте со автомобил и почина кај Кадрифаково

Старица се преврте со автомобил и почина кај Кадрифаково

Во тешка сообраќајна несреќа кај Кадрифаково загина 75 годшната старица С.Д. откако автомобилот во кој се возила се превртел и се здобила со многу тешки повреди.

Сообраќајката се случила на патот Штип-Велес кај селото Кадрифаково. Автомобил „дачија логан“ со скопски регистерски таблички, управуван од 51-годишниот скопанец Д.Д., во еден момент излетал од коловозот, при што и возачот и жената задобиле тешки телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип и им била укажана лекарска помош. По два часа од несреќата жената починала. Возачот е задржан на лекување.