Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтарица повредена во пожар во Пензионерски дом

Старица повредена во пожар во Пензионерски дом

Oумдесет и тригодишна Скопјанка е повредена во пожар што избувнал синоќа во 18 часот и 15 минути во стан во Пензионерскиот дом на ул.„Ангел Димовски“ во Скопје. Повредена старица со возило на Брза помош била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош по што поради сериозноста на здравствената состојба била препратена и задржана во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во пожарот, што избувнал од засега неутврдени причини, целосно изгорел станот. Бригадата за противпожарна заштита пожарот го изгаснала и се работи на целосно расчистување.