Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтарец се фрлил од велешката болница

Старец се фрлил од велешката болница

Маж на возраст од 91 година попладнево си го одзел животот во Велес. Според првичните информации 91 годишниот И.М. се фрлил од четврти кат од зграда во Велес, по што починал на лице место. Случајот во полиција бил пријавен од страна на вработените во медицинскиот центар во Велес, кои направиле првичен медицински увид врз телото на настраданиот. Полицијата ги истражува мотивите за скокот во смрт на велешанецот.