Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтарец исчезнал во Градско

Старец исчезнал во Градско

Во неделата на 14 февруари во 8 и 30 часот, старец на 78 годишна возраст од Росоман тргнал со такси кон велешката болница, но за момент побарал за се симне од возилото во Градско, каде на такси возачот му објаснил дека ќе оди на гости во Градско и тоа кај неговата внука. Од тогаш нема ниту трага ниту глас на 78 годишниот старец.

Инаку, вчера неговата снаа го пријавила исчезнувањето на нејзиниот свекор во полициската станица во Кавадарци. Полицијата ги презема сите мерки за пронаоѓање на дедото.