HomeРЕФЛЕКТОРФилмStar Wars: Rogue One изгледа екстра во првиот тизер

Star Wars: Rogue One изгледа екстра во првиот тизер

Покрај новите продолженија на Star Wars сагата публиката барем еднаш годишно ќе може да погледне и една спин-оф приказна како што е претстојната Rogue One која се одвива во периодот пред создавањето на првата Смртоносна ѕвезда која Империјата ја користи за уништување на цели сончеви системи.

Група на платеници предводени од Џин Ерсо глумена од Фелиси Џоунс ќе имаат задача да ги украдат плановите од Империјата и да му помогнат на Отпорот. Режијата на Star Wars: Rogue One е доделена на Герет Едвардс, а во главните улоги се појавуваат Макс Микелсен, Форест Витакер, Бен Менделсон и Диего Луна, додека пак премиерата е закажана за 16 декември.

Во продолжение погледнете го и првиот тизер трејлер за Star Wars: Rogue One.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com