Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмStar Trek: Сулу ќе стапне каде што досега никој геј не стапнал

Star Trek: Сулу ќе стапне каде што досега никој геј не стапнал

Филмскиот лик Сулу ќе биде првиот геј во универзумот на франшизата Star Trek, oткрија продуцентите и сценаристот Сајмон Пег. Во досегашната 50-годишна историја на Star Trek ниту еден лик не беше презентиран од ЛГБТ заедницата што е чудно бидејќи креаторот Џин Роденбери имаше многу визионерски идеи најпрво за ТВ серијата со првиот меѓурасен бакнеж, а подоцна и со повеќе мотиви за човековиот напредок во филмовите за Star Trek.

george takei star trek main

Интересно е што актерот Џорџ Такеи кој прв го глумеше Сулу речиси цел живот криеше дека е хомосексуалец, стравувајќи дека во 60-тите и 70-тите ќе ја загуби работата, но сега вели дека не е задоволен од идејата за промената на ликот. Такеи повеќе би сакал продуцентите да воведат нов лик како хомосексуалец, наместо веќе постоечки кој никогаш не бил геј.

simon peg i jon cho

Сценаристот и актер Сајмон Пег возврати дека премногу го почитува мислењето на Такеи, но вели дека не е во право. Ако вовеле нов геј лик тогаш публиката ќе го дефинирала само по неговата сексуалност и смета декa Роденбери пред 50 години би сакал Сули да е геј, но едноставно не можел да внесе такво нешто на телевизија во конзервативен период.

Исто така новите делови на Star Trek се одвиваат во алтернативен универзум, па затоа и ликовите како Сулу имаат различен развој. Младиот актер Џон Чо кој сега го толкува иконскиот лик на Сулу вели дека е задоволен од одлуката која лично му ја соопштил на Такеи.