Thursday, Jul 20, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтанува интересно – Заев на гости кај „непријателскиот“ Сител

Станува интересно – Заев на гости кај „непријателскиот“ Сител

zoran zaev

Зоран Заев кој провладините медиуми Сител, Канал 5 и МТВ ги прогласи за политички непријатели на СДСМ полека ги „освојува“. Сега, на ред е најверојатно и гостување во дневникот од 19 часот на ТВ Сител каде со години нема стапнато ниту еден опозиционер.

latas dnevnikНегов домаќин би требало да биде главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ Латас. но можни се изненадувања и ротации во уредничкиот тим составен од Славица Арсова, Велентин Николовски и Иван Кузмановски. Без оглед на политичките расправии за македонското општество неопходна е медиумска дебата каде сите партии ќе може да ги претстават но и соочат своите ставови.

Досега провладините медиуми водеа премногу црна кампања против СДСМ но, во последните денови известуваат и за нивните активности и ставови без коментари и додавки и им отстапуваат барем еден неутрален прилог во вестите.