Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСтампедо на Пивофест Приштина, 40 повредени

Стампедо на Пивофест Приштина, 40 повредени

Вчера во центарот на Приштина каде се одржувал Пивофест настанала огромна мешаница откако се чуле истрели од огнено оружје по што посетителите почнале да бегаат и да се судруваат на мал простор.

pivofest pristina

– Во Клиничката болница помош побарале повеќе од десетина лица. Повеќето од нив се повредени при бегање од создадената паника, има и лица кои побарале помош поради вознемиреност, а засега има потврда дека со огнено оружје повредно е едно лице во пределот на ногата, изјави Баки Келени портпаролот на косовската полиција.

Во стампедото 40 лица се повредени, а одреден период се проширила масовна паника деак станува збор за терористички напад. Сепак, подоцна состојбата е вратена под контрола.