Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСтаменковска: ЈО да не потклекнува на притисоците

Стаменковска: ЈО да не потклекнува на притисоците

Деструктивното однесување на СДСМ кулминира со обид за убиство на поранешниот минитер за заравство Никола Тодоров, изјави денеска Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ и апелираше Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и професионалното и непристрасно постапување.

– Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДС за водење на политички хајки. Власта не е еднаш за секогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и законите ќе има одговорност – рече Стаменковска
Таа изјави дека СДСМ и медиумите, кои наводно се под контрола на сегашната влада се обидуваат да имплицираат некаква одговорност на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа не е ништо друго освен политичка пресметка, обид за манипулација и обид за прикривање на одговорноста за политичкото насилство кое претходеше на физичкото. СДС има намера наместо правна разрешница, целиот случај да го користи за креирање на политички случај каде не се важни аргументите, правото и правдата – рече Стаменковска.