Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтабилно време со појава на магла

Стабилно време со појава на магла

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а по одделни котлини, речни долини и планински превои со појава на утринска магла и ниска облачност. Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени. Во Скопје временските прилики ќе бидат слични со сончеви периоди со умерена облачност и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 21 степен со слаб ветар.