Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаССНМ: Стравот од синдикатот доаѓа од неговата сила

ССНМ: Стравот од синдикатот доаѓа од неговата сила

Партиите не можат да се договорат за функционирањето на агенциите и органите поврзани со медиумите. А и новинарските здруженија се со различни ставови. Се огласи и самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Сите медиумски работници кои се загрижени за својата иднина, стравуваат за своите работни места поради политички реваншизам или одмазда, да се зачленат во ССНМ, стои во повикот на Синдикатот. ССНМ ги охрабрува новинарите да избегнат да бидат жртви на политичките пазарења и медиумската криза, а со тоа и да не стануваат извршители на пропагандни активности.

– Колеги, треба да знаете дека доколку се загрозени Вашата егзистенција и вашето работно место, единствен законски посредник и Ваш заштитник по сила на закон е синдикатот. Само синдикатот може да преговара со Вашиот работодавач и да презема мерки за Ваша заштита. Приклучете ни се! Заедно сме посилни! Нашата сила доаѓа од бројката, а бројката започнува со Вашето зачленување! – пишува во повикот на ССНМ.

Синдикатот упатува и потсетување дека не случајно сега е моментот на новинарско обединување, бидејќи во актуелните преговори, политичките партии одбија во разговорите да ги вклучат и да се соочат со претставниците на медиумската заедница.
mediumiВчера, белгискиот посредник Питер Ванхоуте предложи програма според која членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) треба да се избираат со двотретинско мнозинство во Собрание откако ќе се пријават на јавен конкурс.

Секој истакнат професионалец во оваа област треба да обезбеди поддршка или од две невладини организации или од едно новинарско здружение или од два универзитети засегнати од работата на Советот или од Синдикатот на новинари, за да може да се кандидира како член на Советот, а потоа истиот јавно и транспарентно да биде разгледуван. Избраните членови би имале мандат од пет години со една шанса за реизбор. Се предлага Директорот на Агенцијата да го именува Советот.

Во случај на прекршување на регулативите од страна на некој медиум, Советот ќе отпочне дијалог со медиумот и доколку е потребно првата мерка ќе биде предупредување, а лиценца ќе се одзема само во случај на ригорозни прекршувања.
Peter Vanhoutte by MIAВо однос на финансиски казнувања, Советот ќе треба да одлучува сразмерно финансиите на медиумот, но истата ќе мора детално да ја образложи, бидејќи како што рече Ванхоуте, тој не е за казнени регулативи, туку за воведување на професионализам во овие тела.

Директорот на овој Совет би имал извршна функција, би бил одговорен за работата на Агенцијата а за таа позиција би можел да се кандидира секој истакнат професионалец на отворен повик.

На сличен начин треба да се биде биран и Советот на МРТВ, а меѓународната заедница предлага буџетот на јавниот сервис да биде 1 % од државниот буџет. Тоа би биле пари со кои тие самите ќе одлучат како да ги трошат, од човечки ресурси, до опремување, до реновирање на зградата на Јавниот сервис.

Во однос на владиното рекламирање, Програмата на Питер Ванхоуте предвидува за владините пораки кои се од јавен интерес, Јавниот сервис и комерцијалните медиуми да не добиваат паричен надоместок туку тие да бидат бесплатни. Под тоа тој подразбира кампањи од типот на „Пушењето е штетно по здравјето“ или кампањи за здравје и слично. Се предлага и намалување на данокот за комерцијалните телевизии од 18 на 5 %.