Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаССНМ со предлог колективен договор за медиумските работници

ССНМ со предлог колективен договор за медиумските работници

Синдикатот на новинарите и медиумските работници во Македонија (ССНМ) кој подолго време работи на креирање на регулатива за подобри услови го претстави предлог колективниот договор за медиумската индустрија.

tamara-

„Колективниот Договор е во функција на вработените во медиумите, но и на сопствениците на медиумите, односно работодавачите. Договорот ќе ги штити достоинството, професионалните новинарски права и стандарди, работничките права на вработените и слободата на медиумите во согласност со правилата на Меѓународната федерација на новинари и Етичкиот кодекс на новинарите. Очекувам сопствениците на медиуми во Битола да го потпишат Колективниот Договор кој е од заеднички интерес, рече Чаусидис.

Овој Синдикат е отворен за сите медиумски работници и смета дека во членството е моќта и само на тој начин новинарите може да побараат поголеми права, почнувајќи од основното почитува на достоинство на професијата.