Tuesday, Oct 17, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиССНМ против интервенција во медиумите, МАН со нов предлог

ССНМ против интервенција во медиумите, МАН со нов предлог

mediumi

Синдикатот на новинари и медиумски работници е против секаква државна интервенција во медиумите, а особено владините реклами кои се алатка за држење на медиумите во вазалски однос, вели Тамара Чаусидис.  Новиот предлог закон за информативни и рекламни кампањи на јавни институции според Чаусидис е порака до провладините медиуми дека Владата нема да ги остави на цедило.

– Суштински ништо нема да се смени, само ќе се легализира ситуцаијата која изминататa година беше под мораториум. Ниту е објавен, ниту имаше јавна дебата пред владата да го донесе овој закон, изјави Чаусидис.

Од друга страна МАН смета дека со овој закон ќе се стави ред во медиумите. Вчера на средбата со министерката за информатичко општество МАН и Македонската медиумска асоцијација доставиле и нов предлог за распределба на кампањи кои ќе чинат под 100 000 евра, вели Ивона Талевска.

– За да се спречат можни злоупотреби, предлог на Ман и ММА да се ограничат на 20% од минатогодишниот буџет. Значи директорот или функциуонерот на јавната институција која ќе има пари, буцет за јавни кампањи, во тековната година да не може да додели повеќе од 20% по сопствено убедување на некои медиуми, во однос на буџетот со кој што располагал минатата година, изјави Ивона Талеска.

Чаусидис смета дека се работи за огромна сума пари при што владата го прекршила сопствениот деловник и закон за управна и општа постапка при носењето.

– Според законот за јавни набавки лимитот според кој државните пари се трошат во нетранспарентна постапка без објавен тендер е 500 евра, можно е заобиколување на стандардите што самата влада ги поставила, вели Тамара Чаусидис.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вчера порача дека ова е обид да се легализира корупцијата во медиумите.

За предлагачот на законот, минситерката Марта Арсовска , ова е предлог произлезен од препораките на Прибе и за прв пат ќе се укине привилегираниот статус на одредени медиуми да бидат финансирани од Владата.

Извор: 24Вести