Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаССМ ќе бара К-15 и за администрацијата

ССМ ќе бара К-15 и за администрацијата

Сојузот на синдикати на Македонија најави дека по изборите и формирањето на нова влада ќе започне социјален дијалог за воведување на регрес за годишен одмор или популарно наречен К-15 и за вработените во јавната и државната администрација.

Според ССМ досега исплатата на К-15 во приватниот сектор ги задоволува очекувањата, но признаваат дека кај одредени фирми имало притисоци и одложувања, па затоа потребно е сите проблеми вработените да ги пријавуваат бидејќи се предвидени и строги казни.