Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАССК не очекува политичкиот договор да влијае на бизнисот

ССК не очекува политичкиот договор да влијае на бизнисот

 

Имплементацијата на синоќешниот договор кој беше постигнат  помеѓу власта и опзицијата не се очекува да влијае врз вработувањето или инвестициите во наредниот период-смета дел до бизнис заедницата.

Причина за тоа, како што изјави денеска претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК) Саша Огненовски, е долгорочноста на договорот, односно неговата примена на малку подолг период.

 

– Не би можеле да прогнозираме какво ќе биде влијанието на синоќа постигнатиот политички договор. Но, дологорочноста на неговата имплементација сметаме дека ќе ги ублажи влијанијата и нема да се почувствува во бизнис секторот. Ако беше кракторочен, секако ќе имаше влијание, истакна Огненовски пред јавната расправа за краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017.