Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиСрушени два светски рекорди во пливање во еден ден

Срушени два светски рекорди во пливање во еден ден

На два пати денеска се менуваше рекордот на 50 метри градно. Најпрво Камерон Ван Дер Бург во квалификациите успеа да исплива за 26.62 стотинки, само 5 стотинки подобрувајќи го рекордот, а потоа во полуфиналната трка Британецот Адам Пити истиот да го подобри на 26.40 стотинки.

Нов светски рекорд запиша и натпреварувачката Кејти Ледески од САД во дисциплината 1500 метри слободен стил и со времето од 15:25.48 стотинки за 2 секунди и 23 стотинки го подобри сопственото постигнување и тоа на вчерашните квалификации.