Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрпското собрание не успеа да избере свој претседател

Српското собрание не успеа да избере свој претседател

Новиот состав на српското Народно собрание не успеа да избере претседател. Седницата на Собранието синоќа беше прекината за време на дебатата околу изборот на Маја Гојковиќ за претседател на Парламентот.

Таа е членка на владејачката Српска напредна партија (СНС) на премиерот Александар Вучиќ, а беше претстедател на Собранието и во претходниот парламентарен состав. Реизборот на Гојковиќ беше сметан за формален чин, бидејќи коалицијата „Србија победува“ предводена од СНС има апсолутно мнозинство од 131 пратеник во 250-членото Собрание.