HomeДЕНЕШНАПолитика„Српско политичко коло“ – Драгиша Милетиќ сега ќе коалицира со Зоран Заев

„Српско политичко коло“ – Драгиша Милетиќ сега ќе коалицира со Зоран Заев

dragisa-miletic

Драгиша Милетиќ кој ја напушти коалицијата со СДСМ во 2013-та на локалните избори и му го даде печатот од партијата на Стевче Јакимовски за да се трка за градоначалник на општина Карпош сега повторно ја менува страната и се враќа во старото јадро. Токму овој потег наиде на лавина на критики особено од самите опозиционери кои се незадоволни од враќање на Милетиќ кој веќе еднаш ги предаде нивните заложби и се откажа од отпорот.

„Со ставањето на вчерашниот потпис за заеднички настап на изборите ја исправиме одлуката од 2013 година која што беше донесена, исто така, следствено на неиспочитуван договор од страна на поранешниот претседател на СДСМ. Вистината е една, режимот ќе падне само доколку бидеме сите сплотени. На 12 декември да се разбудиме во слободна и демократска Република Македонија“, се вели во соопштението на СНСМ.

Главна причина поради која СНСМ се предомисли е што нивниот договор со ГРОМ на Стевче Јакимовски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ не бил испочитуван.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com