Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСрпскиот патријарх Иринеј повика на враќање на Косово, дури и на сила

Српскиот патријарх Иринеј повика на враќање на Косово, дури и на сила

Српскиот патријарх Иринеј и на сила ќе го брани Косово. Тој порачал дека сите Срби се должни да кренат глас за заштита на Косово и дека „доколку е потребно, ќе мора и на сила да се врати Косово“, пренесуваат српските медиуми.

„Се надевам дека нема да дојдеме во прилика на тој начин да го браниме, туку дека свеста и совеста на оние кои одлучуваат за нашата судбина ќе проговори на начин на кој треба да говори една разбудена и чиста човечка совест“, рекол Иринеј по повод започнувањето на заседанието на УНЕСКО.

Српскиот патријарх додал дека „сега се работи за тоа да се одземат српските светости и да се прогласат за светости на Косово“. Според Иринеј, на Косово се наоѓаат српските светости, односно „српската историја, култура, почетокот на сето она што е вечно и големо во српската историја и култура“.

„Ние во никој случај не смееме тоа да го дозволиме ниту на себе, ниту на другите, Косово да не му припаѓа на народот за кој од кога се знае за Косово, е српскиот народ“, рекол Иринеј. Тој додал дека српската светост сега треба да му се довери на народ кој за време на целата своја историја „ја горел српската светост и тоа сега не смее да се дозволи“.

Тој исто така потсетил дека на Косово се наоѓа резиденцијата на српските патријарши (Пеќката патријаршија), како и најголемите светости на српската историја и култура.